Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се врати во САД по престојот во Шпанија каде што имаше третмани поради повредата пред крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во првото коло Лејкерс како четврти ќе играат против Хјустон со предност на домашен терен.

Не е извесно дали Дончиќ ќе биде 100 процентно подготвен за првиот натпревар, но сигурно е дека за вториот меч против Хјустон Дончиќ ќе биде целосно подготвен.

Дончиќ сезонава беше прв стрелец на НБА лигата со 33,5 коша по меч, 8,3 асистенции и 7,7 скокови во просек.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.