Искусниот американски тренер Док Риверс ја напушти клупата на Милвоки Бакс откако тимот за прв пат во изминатите 10 години не успеа да се пласира во плеј оф разигрувањето, по завршувањето на регуларната сезона со скор од 32 победи и 50 порази.

Поразот од Филаделфија утринава ја заокружи ужасната сезона за Милвоки кои завршија 11-ти, со дури девет порази повеќе од 10. Мајами кој е најслабо пласиран тим од учесниците на плеј инот.

Риверс на клупата на Милвоки седна во 2024, а во првите две сезони рано беше елимииран во плеј офот. Суперѕвездата на тимот Јанис Адетокумбо, отворено зборуваше дека е незадоволен од Док Риверс.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.