Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.
Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.
Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.
Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.
Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.
Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта.
Слични новости
Нови напади на иранската војска врз Иран
Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат американските трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“.
Зеленски го одби предлогот на Мерц: Украина не сака во ЕУ без право на глас
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на придружна членка на ЕУ, порачувајќи дека Киев не прифаќа ограничен формат без право на глас.
Евакуација на 40.000 луѓе во Калифорнија поради истекување на опасна хемикалија
Околу 40.000 жители во американската сојузна држава Калифорнија добија наредба за итна евакуација од своите домови поради големо истекување на опасна хемиско супстанца, која може да предизвика експлозија и да формира отровен облак над густо населено подрачје.


