Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.

Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.

Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.

Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.

Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта. 

Слични новости

Путин: Војната во Украина се ближи кон крајот

Путин: Војната во Украина се ближи кон крајот

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина дава основа да се каже дека војната во Украина се приближува кон крајот. Путин сепак рече дека не е можно да се одредат специфични датуми за окончување на конфликтот

Трамп ги заостри условите за мировна спогодба со Иран

Трамп ги заостри условите за мировна спогодба со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ги заостри условите на потенцијалниот договор за окончување на војната со Иран и му испрати променет предлог на Техеран за разгледување, изјавија службеници на американската администрација за „Њујорк Тајмс“.