Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.

Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.

Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.

Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.

Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта. 

Слични новости

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната.

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Вашингтон: Времето истекува за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.