Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, објавија властите.
Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.
Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.
Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.
Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.
Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта.
Слични новости
Си Џинпинг : Кина и Русија треба да изградат поправеден систем на глобално управување
За време на развоговорите со рускиот претседател Владимир Путин кој е во официјална посета на Пекинг кинескиот претседател Си Џинпинг порача дека Русија и Кина како две глобални сили мора да изградат поправеден систем на глобално управување.
Израелските пратеници денеска гласаат за предлог закон за распуштање на Кнесетот
Израелските пратеници денеска ќе гласаат за предлогот за распуштање на Кнесетот, што би довело до предвремени избори во Израел кои би се одржале најдоцна до октомври.
Иран бара воена отштета и повлекување на американските трупи во новиот мировен предлог од шест точки до САД
Овие барања на Иран не се разликуваат многу од претходната понуда, што Доналд Трамп ја опиша како „ѓубре“ и неприфатлива.


