Македонија денес, ќе биде под влијание на стабилно и значително потопло време, со сончеви периоди и мала до умерена облачност.

Температурите ќе бидат во пораст, а во најтоплите делови од земјата максималната дневна температура ќе достигне и до 32 степени Целзиусови. Највисоки температури се очекуваат во југоисточниот дел од државата.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне околу 31 степен.

Слични новости

ВМРО и СДСМ меѓусебно се обвинуваат за аферата со шверцот на 5 тони марихуана

СДСМ соопшти дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче.