Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава на домашен терен се намачија да го совладаат тимот на Јута Џез кој настапи без седмина играчи и победија со 135:129.

Јута водеше во текот на целото второ полувреме, а до 5 минути пред крајот нивната предност беше двоцифрена. Денвер направи пресврт во последните три минути од натпреварот со кошеви на Јокиќ во рекетот и неколку тројки.

Јокиќ повторно забележа трипл-дабл со 33 коша, 16 скокови и 12 асистенции, а Џамал Мари постигна 31 кош.

Денвер е четврти на Западот со два порази повеќе од третопласираните Лејкерс.

Слични новости

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.