Организаторите на протестите што речиси четири недели се одржуваат во Тирана поради контроверзниот проект поврзан со Џаред Кушнер, ја објавија листата на барања до владата.

Со неа се бара оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада, уставни реформи и „нов општествен договор“.

Во соопштение прочитано во име на организаторите, беше нагласено дека главното барање е „безусловна оставка на премиерот и на владата“, придружена со формирање непартиска преодна влада со мандат од 12 месеци.

Тие бараат и уставни измени за да се обезбеди еднаквост на граѓаните пред законот, при што измените би се усвоиле преку народен референдум.

 

Слични новости

Секој четврти гласач во Европа гласа за екстремно десничарските партии

Секој четврти гласач во Европа гласа за екстремно десничарските партии

Новото истражување покажува дека секој четврти гласач во Европа го дава својот глас за партиите од крајната десница, а бројот на таквите гласачи е зголемен за пет пати од средината на 90-тите години на минатиот век..

Сенатoт побара од Трамп да ја запре војната во Иран, тој одговори: одлуката е безначајна и лошо темпирана

Сенатoт побара од Трамп да ја запре војната во Иран, тој одговори: одлуката е безначајна и лошо темпирана

Трамп ја оцени одлуката како „безначајна“ и „лошо темпирана“. Овие сенатори само ми ја отежнаа работата, но ќе ја завршам, на еден или друг начин, бидејќи секогаш ја завршувам, порача Трамп.