Новото истражување покажува дека секој четврти гласач во Европа го дава својот глас за партиите од крајната десница, а бројот на таквите гласачи е зголемен за пет пати од средината на 90-тите години на минатиот век..

Бројот на овие гласачи, особено се зголеми во последните три години, покажува истражувањето. Анализата ја направија повеќе од 150 научници и политиколози во 31 земја, објави Гардијан.

Истражувањето покажа и дека речиси 30 насто од Европјаните гласаат за анти-естаблишмент партии што е исто така уште еден рекорд. Зајакнувањето на крајната десница е посебно изразено меѓу 2023 и 2025 и во тој период партиите на крајната десница забележаа историски раст во големите земји како Франција, Велика Британија и Германија.  

Слични новости

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Најмалку 164 загинати и речиси 1.000 повредени – расте билансот на жртви во катастрофалните земјотреси во Венецуела

Расте билансот на жртви во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела. Според привремената претрседателка на земјата, Делси Родригез во ажурираниот извештај се евидентирани најмалку 164 загинати луѓе и, речиси, 1.000 повредени.

Рубио: Спогодбата со Иран нема да ги загрози нашите сојузници во заливот

Рубио: Спогодбата со Иран нема да ги загрози нашите сојузници во заливот

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на американските сојузници во Персискиот залив дека нивните безбедносни и економски интереси ќе бидат земени в предвид во секоја идна спогодба со Иран