Вработените во јавниот сектор, просветните и здравствените работници, студентите и учениците, учествуваат во денешниот, 24-часовен штрајк во Грција закажан од Синдикатот на вработените во државниот сектор и Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија, поддржан и од работнички центри и синдикати.
Преку штрајкот се бара да се стави крај на осиромашувањето и спроведување политики што ќе дадат суштински одговори на сериозните економски, работнички и социјални проблеми со кои се соочуваат вработените.
Бродскиот сообраќај во Грција е целосно суспендииран,бродовите и траектите ќе останат закотвени на пристаништата, а проблеми ќе има во јавниот превоз во Атина.
Во рамките на штрајкот се закажани и протести во над 40 градови низ цела Грција.
Слични новости
САД наредија итна евакуација на амбасадите во Персискиот залив
САД наредија повлекување на дел од дипломатскиот персонал и на нивните семејства од Саудиска Арабија и подготвуваат слични мерки во другите земји од Персискиот Залив.
Tрамп за немирите во Европа: Нема да дозволиме да ни се случи истото
На узборен митинг во Канзас претседателот Трамп порача дека САД нема да дозволат да им се случи истото како во Европа и изрази надеж дека состојбата со демонстрантите ќе се смири.
Италија испраќа 500 војници во Милано по насилните протести
Италијанската влада планира да испрати дополнителни воени трупи во Милано по два дена немири, судири со полицијата и грабежи на продавници.


