Се претпоставува дека, младиот човек кој е осомничен за нападот врз израелската амбасада во Белград е од Шабац, а според Министерството за внатрешни работи, тој го нападнал припадникот на Жандармеријата со два ножа, извикувајќи „Алаху Акбар“.
Во тек е истрага рече министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ пред да прогласи „црвено ниво на терористичка закана“.
Од денеска во Србија е засилена контролата и присуството на полициските силина сите места каде што е важно заради инфтаструктурните објекти.
Еден припадник на српската жандармерија се здоби со полесни повреди при напад со нож пред амбасадата на Израел во Белград, при што напажачот беше униен. Српското МВР нападот го окарактеризира како терористички чин.
Слични новости
Нетанјаху: „Мораме да ја завршиме мисијата“
Нетанјаху порача дека земјата мора да продолжи со воените цели против Иран, Хезболах и Хамас. Нетанјаху, кој се подготвува за парламентарните избори на 27 октомври, пред приврзаниците на Ликуд повика на продолжување на, како што го нарече, процесот на исполнување на мисијата.
Пентагон со план за повлекување на речиси една третина од американските сили од Европа
План за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгледува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на сегашни и поранешни западни и американски функционери.
Нафтата Брент близу 104 долари за барел, европскиот гас на околу 77 евра за мегават-час
Цената на нафтата Брент на светските берзи денеска достигнува околу 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ се продава по цена од 101 долар за барел.


