На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања во билатералните односи и македонскиот евроинтегративен процес.

Соговорничките разменија ставови за можните решенија за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, при што беа изнесени различни гледишта околу надминувањето на постојните предизвици.

Давкова ја потенцираше и важноста од спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, додека двете претседателки се согласија дека дијалогот за отворените прашања треба да продолжи.

 

Слични новости

Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

Муцунски нагласи дека во услови на војна во Европа, хибридни закани, дезинформации, енергетска несигурност и сајбер ризици, европската интеграција и регионалната соработка имаат уште поголемо стратешко значење.

Пет земји на ЕУ бараат да се ограничи правото на глас на идните членки

Пет земји на ЕУ бараат да се ограничи правото на глас на идните членки

Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург предлагаат Европската Унија да размисли за привремено ограничување на некои права на глас на идните членки, како и за воведување посилни механизми за заштита на владеењето на правото.