Проширувањето на ЕУ не е само технички процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.
Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, порача министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија, во рамки на бугарското претседавање со иницијативата.
Муцунски нагласи дека во услови на војна во Европа, хибридни закани, дезинформации, енергетска несигурност и сајбер ризици, европската интеграција и регионалната соработка имаат уште поголемо стратешко значење.
Кредибилитетот на процесот зависи од доследното почитување на обврските, предвидливоста и принципот на заслуги.
На Западен Балкан му е потребен европски пат заснован на резултати, а не на одложувања“, истакна Муцунски.
Слични новости
Од електрична инсталација изби пожар пред зграда во Кисела Вода, станарите во паника брзаа да излезат
Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли.
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, робот оперираше пациент со карцином на простата
Демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион
Нема веќе брзи кредити на рака: се прават законски измени
Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста


