Празно пред бугарската амбасада, гужва пред српската. Ваква е сликата од гласањето на бугарските и српските државјани во Скопје на изборите во нивните држави.

За гласање на парламентарните избори во Србија, во  Македонија се пријавиле 1.438 лица. Гласаат во Скопје и во Куманово. Според пописот од 2021 година, во Македонија 23.847 лица се изјасниле како Срби, односно 1,30 отсто од резидентното население.

Се гласа и во соседна Бугарија, но интересот за гласање во Македонија е многу слаб. Само 265 бугарски државјани се пријавиле за да можат денеска да гласат на претседателските избори во оваа држава иако се отворени седум гласачки места во Скопје, Битола, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани и Охрид. Ова е речиси двојно помал број од пријавените гласачи на парламентарните избори во април. 

Слични новости

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ побара итна оставка од Тошковски, наведувајќи дека тој треба да понесе одговорност поради низата скандали. Од партијата бараат да се утврди кој сè е вмешан во случајот и сите одговорни да сносат последици.