Грчките возачи, според однесувањето зад воланот, се меѓу најопасните во цела Европа, објави денеска весникот „Катимерини“, повикувајќи се на најновите резултати од истражувањето за одговорно возење.
Дури 66 насто од грчките возачи користат мобилни телефони за време на возењето, 41 насто од нив вози додека се многу уморни, а 10 насто од возачите возат под дејство на алкохол.
Меѓу возачите на возраст до 24 години 48 провенти возат без безбедносен појас, а 16 насто признале дека повремено возат под дејство на алкохол.
Слични новости
Велика Британија го истражува спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер“
Британската управа за заштита на конкуренцијата и пазарот соопшти дека започна истрага за купувањето на Ворнер од страна на Парамаунт вредно 110 милијарди долари. Истрагата ќе утврди дали трансакцијата би можела значајно да ја наруши конкуренцијата на пазарот на Обединетото кралство, пренесе Телеграф.
„Скери муви“ прв на американскиот Бокс офис
По повеќе од една деценија се појави шестиот филм од франшизата „Скери муви“ кој ја потврда силината на оваа франшиза, освојувајќи го убедливо првото место на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 55 милиони долари.
Филмот „Галаксијата на Супер Марио“ стана првиот филм во 2026 што заработи над една милијарда долари
Анимираниот филм „Галаксијата на Супер Марио“ направен според популарната видео игра, стана првиот филм во 2026 што ја надмина добивката од една милијарда долари на Бокс офисот.


