Грчкиот парламент усвои закон со кој на децата помлади од 15 години им се забранува користењето на платформите на социјалните мрежи, а забраната ќе стапи во сила на 1-ви јануари следната година, пренесуваат грчките медиуми.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека платформите имаат два и пол месеци да го обмислат начинот за проверка на староста на корисниците и за заштита на нивната приватност.

Грција е една од седумте земји на Европската унија кои заедно со Европската комисија бараат решение за проверка на возраста на корисниците. Грција наведе дека им дава поддршка на родителите во сузбивањето на „бесконечното скролање“ кое ги лишува децата од сонот, концентрацијата и времето поминато со нивните другарчиња.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.

Два трговски брода нападнати во Црното море во близина на Бугарија, едниот потона

Два трговски брода нападнати во Црното море во близина на Бугарија, едниот потона

Бугарскиот премиер Румен Радев го оцени нападот како недозволив и како грубо кршење на меѓународното и поморското право. Според официјалното соопштение на владата во Софија нападот се случил околу 3 часот наутро, а биле употребени воздушни и морски дронови.