Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека  грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година.

Грејната сезона може да почне и порано од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови.

Согласно Правилата  за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

Слични новости

Сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во петок излегува од притвор

Сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани во петок излегува од притвор

Рокот за определување на притвор за првообвинетиот за трагедијата во кочански Пулс Дејан ЈОванов истекува во петок и после 3-ти октомври нема законска можност за ново продолжување на притворот по што обвинителството смее да побара поблаги мерки за обезбедување.