Инвестициската банка Голдман Сакс ја намали својата прогноза за цената на нафтата за вториот квартал од 2026 година, откако САД и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот.
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Банката соопшти дека ја намалува својата прогноза поради намалениот геополитички ризик и постепеното закрепнување на протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, објави Ројтерс.
Сепак, денеска цените на нафтата повторно се зголемија поради загриженоста дека испораките од клучниот регион на Блискиот Исток можеби нема да бидат целосно обновени, со оглед на неизвесноста околу примирјето и континуираниот ограничен премин низ теснецот.
Во третиот квартал Голдман Сакс очекува нафтата да падне на 82 долари за барел.
Слични новости
Цените на нафтата паднаа за два насто по можното продолжување на примирјето меѓу САД и Иран
Цените на нафтата паднаа за околу два насто и ги достигнаа најниските нивоа во последните шест недели, по вестите за можно продолжување на примирјето меѓу САД и Иран.
ММФ и Светската банка предупредија дека Ормутскиот теснец е клучен за снабдување со гориво
ММФ и Светската банка, како и шефовите на Меѓународната агенција за енергија предупредија дека поради војната на Блискиот исток постои ризик за снабдување со гориво во текот на ова лето, доколку испораките на нафта низ Ормутскиот теснец не се вратат во нормала.
Пад на берзите по ескалацијата на конфликтот во Иран
Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран повторно ги потресе глобалните финансиски пазари, при што цената на нафтата нагло порасна, акциите забележаа висок пад, а инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа како американскиот долар и благородните метали.


