Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија „во овој момент нема причина ниту да се радува ниту да тагува“ по пресудата со која поранешниот косовски претседател Хашим Тачи беше осуден на 25 години затвор за воени злосторства.
Тачи беше прогласен за виновен за четири точки поврзани со воени злосторства – убиство, тортура, сурово постапување и незаконско притворање.
Тој беше осуден заедно со уште тројца поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово: Кадри Весељи на 18 години, Реџеп Селими на 13 години и Јакуп Красниќи на 25 години… Сите ја отфрлија вината, а пресудите може да бидат обжалени.
Косовскиот премиер Албин Курти ја оцени пресудата како „неприфатлива неправда“ и најави институционална поддршка за жалбената постапка.
Слични новости
Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
Синоќа нови протести во Тирана при што повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полициските сили, кои возвратија со солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.
Нови насилни судири во Тирана: Над 150 повредени и најмалку 160 уапсени
Нови насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден по ред на протести во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад.
Американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна новиот пакет санкции против Русија два дена пред да стапи во сила
Блумберг наведува дека Трамп се откажал од спроведувањето на високи царини за руските енергенти бидејќи тоа би ги искомпликувало неговите настојувања да ги намали цените на дизелот пред американските избори на половина од мандатот.


