Американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна новиот пакет санкции против руската економија, само два дена пред тој да стапи во сила, наведувајќи дека оваа одлука е во национален интерес на САД.

Во извршната наредба која Трамп ја потпиша во петокот навечер, американскиот претседател наведе дека му потврдил на Конгресот оти замрзнувањето на санкциите е во национален интерес на САД, но не ги објасни причините за оваа одлука, пренесува Си Ен Ен.

Блумберг наведува дека Трамп се откажал од спроведувањето на високи царини за руските енергенти бидејќи тоа би ги искомпликувало неговите настојувања да ги намали цените на дизелот пред американските избори на половина од мандатот.

Според мерките кои се сега замрзнати, САД требаше да водеат царина од 100 насто на руската сирова нафта, а санкциите би погодиле многубројни руски ентитети и би наметнаа царини од 500 насто на целиот американски извоз на руски енергетски производи.

Неочекуваната одлука на Трамп уследува една недела откако соопшти дека САД прифатиле да купуваат дизел од Русија, во обид да ги намали цените на дизлеот во САД и покрај фактот дека оваа одлука потенцијално ќе и нанесе штета на Украина во војната со Русија. 

Слични новости

Нови насилни судири во Тирана: Над 150 повредени и најмалку 160 уапсени

Нови насилни судири во Тирана: Над 150 повредени и најмалку 160 уапсени

Нови насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден по ред на протести во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад.

Горивото во Црна Гора поскапе за 32,3 насто, инфлацијата највисока за последните две и пол години

Горивото во Црна Гора поскапе за 32,3 насто, инфлацијата највисока за последните две и пол години

Цените на горивата во Црна Гора во септември беа за 32,3 насто повисоки во однос на септември минатата година, а превозот поскапе за 18,5 насто. Годишната инфлација достигна 5,2 насто, што е највисоко ниво од април 2024, покажаа податоците на Црногорската управа за статистика.