Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, а на повеќе места низ државата ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 километри на час. Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе прераснат во силно невреме проследено со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за појава на град.

Утринските температури ќе се движат во интервалот од 8 до 17 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 20 до 28 степени.

Нестабилното време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме ќе се задржи во текот на целиот викенд, а од понеделник ќе продолжи нестабилноста со изолирана појава на пороен дожд и грмежи. 

Слични новости

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар по скандалозната прослава на титулата

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар по скандалозната прослава на титулата

Фудбалската федерација на Македонија и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Вардар поради недоличното однесување при прославата на шампионската титула, освоена во петокот.

ВМРО избра нов портпарол и претседатели на општински комитети

ВМРО избра нов портпарол и претседатели на општински комитети

Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде што доаѓаат, а другиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи, велат од партијата.