Во Лос Анџелес во неделата навечер беа доделени Греми наградите, а апсолутен победник на вечерта е Бед Бани со албумот  „Debi Tirar Mas fotos“, кој беше прогласен и за албум на годината. Ова е за прв пат албум на шпански јазик да ја добие Греми наградата во најпрестижната категорија.

Бед Бани беше награден и за најдобар албум од урбаната музика, а беше номиниран и во категориите „песна на годината“ и „рекорд на годината“.

За песна на годината Греми наградата ја доби Били Ајлиш за „Wildflower“. Пејачката во говорот по освојувањето на наградата силно ја критикуваше политиката на Трамп против имигрантите и порача дека „никој не е илегален на украдена земја“, нагласувајќи ја важноста на јавно спротивставување, борба и протест.

На церемонијата успех остварија и Кендрик Ламарчиј албум “GNX” беше прогласен за најдобар албум во рап категоријата, како и Лејди гага чиј албум “Mayhem”ја освои наградата за најдобар поп вокален албум.

Греми наградата се доделува од 1959 и важи за најпрестижното признание во музичката индустрија.

 

Слични новости

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост.