Во Електротехничкото училиште во Загреб, утрово еден ученик повреди друг ученик и вработен во училиштето со остар предмет.
Министерството за наука, образование и млади испрати кризен тим во училиштето. Министерството за здравство подоцна објави дека сите на кои им била потребна помош се згрижени.
Ученикот кој ги предизвикал повредите е под полициски надзор. Во тек е кривична истрага и увид на лице место, соопшти Полициската управа во Загреб.
Неофицијално, се знае дека учениците имаат петнаесет години.
Учениците по нападот се испратени дома, психолошки тим исто така пристигнал во училиштето.
Слични новости
Народната банка на Србија и ја одзеде лиценцата за работа на Алта Банка – мнозински сопственик на поранешната Стопанска Банка Битола
Народната банка на Србија (НБС) донесе одлука за одземање на лиценцата за работа на Алта банка а.д. Белград, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за ликвидноста на банката.
САД одобрија продажба на 500 ракети „Патриот“ за Украина – Зеленски бара испорака веднаш
Зеленски ја поздрави одлуката на Вашингтон, но порача дека на Украина ѝ се потребни ракетите веднаш, а не по неколку години. Тој повторно побара од САД да ја забрзаат испораката на противвоздушните системи
Нови протести во Франција: 70 000 полицајци подготвени за интервенција
Демонстрациите се одржуваат на Ноќта на вештерките, две недели по нередите и кражбите кои ги затекнаа безбедносните сили неподготвени и оставија оштетени продавници, јавни установи и деловни објекти во градовите низ Франција.


