Македонските безбедносни органи во координирана акција неофицијално заплениле околу 27 тони марихуана.

Акцијата, поврзанасо претходниот шверц во Србија, се спроведуваше на две локации – во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје и во струмичкиот регион.

Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година.

Истражителите се сомневаат дека големи количини од производството завршувале на црниот пазар, а сомнителни промени во сопственичката структура на фирмата биле забележани само неколку дена пред заплената на дрогата во Србија.

На 29 јануари, српските власти запленија 5 тони марихуана кај Крушевац, транспортирани како извоз на корнишони.

Меѓу уапсените бил и еден од сопствениците на „Алфафарм“. Овој настан активира интензивната соработка меѓу македонските и српските обвинителства, што резултираше со откривање на магацините во Скопје и Струмица.

 

Слични новости

Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови

Американската амбасада во Саудиска Арабија погодена со дронови

Во амбасадата избувнал „ограничен пожар“, предизвикувајќи помала материјална штета, соопшти Министерството за одбрана на Саудиска Арабија. Дополнителни осум дронови биле пресретнати и уништени во близина на Ријад и Ал-Карџ.