ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повторно го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се залага за спроведување на уставни измени без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија.
Од владејачката партија соопштуваат дека Филипче ја продолжува политиката на поранешното раководство на СДСМ, предводено од Зоран Заев, која, според нив, довела до отстапки без соодветни гаранции за напредок на државата во евроинтегративниот процес.
Во соопштението се наведува дека Македонија нема да прифати нови уставни измени без јасни и цврсти гаранции од Европската Унија, како и без исполнување на обврските од страна на Бугарија, вклучително и спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Слични новости
Собранието ќе решава за продолжување на кризната состојба
Собранието на Република Македонија денеска треба да одлучува за продолжување на кризната состојба поврзана со снабдувањето со нафта и нафтени деривати, која би важела до 20 јули годинава.
СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите јавни изјави за можни идни судски процеси против поранешни функционери на опозицијата испраќа политички пораки и врши притисок врз правосудството.
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ се занимава со изборите во Унгарија наместо со домашна политика
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДС и лидерот Венко Филипче се занимаваат со, како што велат, изборните резултати во Унгарија, наместо со внатрешните политички и партиски предизвици во Македонија.


