Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од Владата.
Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.
Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, соопшти владата.
Слични новости
СДСМ: Мицкоски раскажува „бајки“ за 3-та економија во Европа, а граѓаните се соочуваат со празни фрижидери
Кога граѓаните ќе влезат во продавница, кога ќе отидат на пазар, ќе платат сметки, кога ќе погледнат во своите празни паричници и празни фрижидери најдобро знаат колку е реална бајката на Мицкоски за 3-та економија во Европа, се наведува во соопштението од СДСМ.
ЕУ размислува за делење авионско гориво меѓу членките поради кризата со керозинот
Европската комисија се подготвува да побара делење на авионското гориво во рамки на Европската унија поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Германија подготвува мерки поради можен недостиг на керозин
Како што пренесува „Шпигел“, Мерц најави итно свикување на Националниот совет за безбедност за да се разгледа стратегијата за енергетска стабилност.


