Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од Владата.

Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.

 Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, соопшти владата.

Слични новости

Благ пад на цената на нафтата на берзите по продолжувањето на примирјето од страна на САД

Благ пад на цената на нафтата на берзите по продолжувањето на примирјето од страна на САД

Според податоци од берзите цената на суровата нафта паднала за 0,91% на 88,850 долари, додека нафтата Brent се намалила за 0,65% на 98,012 долари.
Европските берзански индекси денеска бележат претежно благ раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи двонеделното примирје меѓу САД и Иран.