Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од Владата.
Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.
Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност во услови на глобални економски предизвици, соопшти владата.
Слични новости
Цените на нафтата и денеска во пораст
Цените на нафтата и денеска го продолжија својот раст, зголемувајќи се за повеќе од еден долар по застојот на мировните преговори меѓу Иран и САД
Продолжен домашниот притвор на Артан Груби
На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор 24 часовен полициски надзор по предлог на Обвинителството. Груби е во притвор за злоупотребите во Државна Лотарија.
СДСМ поднесе закон и сите владини функционери да немаат двојно државјанство и законот да важи веднаш
Предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, да се имплементира и за сите избрани функционери


