Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, со цел да продолжи европската интеграција на Македонија.

„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада.

А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.

СДСМ и денес продолжува да биде меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.

 

Слични новости

Николоски: Воведени се 23 нови директни линии од аеродромите

Преку охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, а оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници“, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.