Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, со цел да продолжи европската интеграција на Македонија.

„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада.

А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.

СДСМ и денес продолжува да биде меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.

 

Слични новости

АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна

Муцунски: Над 60 проценти од кандидатите за амбасадори се професионални дипломати

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи .