Синоќешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Реал Мадрид останува во сенка на немилите сцени и прекинот кој траеше десетина минути.

Винисиус Жуниор кој го постигна голот за Реал бурно изреагира и го напушти теренот, тврдејќи дека е навредуван на расна основа од фудбалерот на Бенфика Престијани.

Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист.

„Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“. Јас го слушнав тоа многу добро. Таков играч не заслужува да игра во Лигата на шампионите“ изјави Мбапе.

УЕАФА најави дека ќе покрене детална изјава за инцидентот, а Престијани тврди дека не е расист и дека Винисису погрешно го слушнал.

 

Слични новости

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.