Студиото Ворнер Брос викендов ќе ја лансира светската премиера на римејкот на филмот Оркански висови, сниман според славниот роман на Емили Бронте.
Режисер на филмот е Емералд Фенел, а во главни улоги играат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за оскар за улогата на Франкештајновото чудовиште.
По тивкиот викенд на американскиот Бокс Офис, поради финалето на американскиот Супербоул, повеќе студија најавуваат премиери за викендов.
На американскиот Бокс Офис и натаму прв е хорор трилерот „Испратете помош“ на режисерот Сем раими со Рејчел Мек Адамас во главната улога.
Слични новости
Џон Траволта доби почесна Златна палма на филмскиот фестивал во Кан
Американскиот актер Џон Траволта доби почесна Златна палма на филмскиот фестивал во Кан, каде што се претстави со режисеркото деби на филмот „Еднонасочниот пропелер на ноќниот тренер“.
Кина ја лансираше ракетата „Лиџијан 13“ со пет сателити
Кина денеска успешно ја лансираше ракетата носач „Лиџијан 13“ која во вселената понесе пет сателити, пренесе кинеската агенција Ксинхуа.
Развојот на вакцината против хантавирусот ќе трае неколку години
Вакцина против хантавирусот може да биде развиена, но доколку се спроведе според сите стандарди и ги мине сите неопходни испитувања, тој процес би можел да потрае неколку години.


