Студиото Ворнер Брос викендов ќе ја лансира светската премиера на римејкот на филмот Оркански висови, сниман според славниот роман на Емили Бронте.

Режисер на филмот е Емералд Фенел, а во главни улоги играат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за оскар за улогата на Франкештајновото чудовиште.

По тивкиот викенд на американскиот Бокс Офис, поради финалето на американскиот Супербоул, повеќе студија најавуваат премиери за викендов.

На американскиот Бокс Офис и натаму прв е хорор трилерот „Испратете помош“ на режисерот Сем раими со Рејчел Мек Адамас во главната улога.   

Слични новости

Пред Светското првенство во Гвадалахара откриена статуа на Пеле

Пред Светското првенство во Гвадалахара откриена статуа на Пеле

Висока статуа на фудбалскиот великан Пеле е откриена во мексиканскиот град Гвадалахара во знак на сеќавање на неговите достигнувања со репрезентацијата на Бразил. Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле кој почина во 2022, освои една од своите три титули токму во Мексико во 1970.

Поранешниот принц Ендру под истрага за наводно сексуално злосторство во Виндзор

Поранешниот принц Ендру под истрага за наводно сексуално злосторство во Виндзор

Британската полиција покрена истрага против Ендру Маунбатен-Вибдзор поради наводите за потенцијални сексуални престапи, откако една жена пријави дека била одведена во неговиот дом во Виндзор за да има сексуални односи со него.