Студиото Ворнер Брос викендов ќе ја лансира светската премиера на римејкот на филмот Оркански висови, сниман според славниот роман на Емили Бронте.

Режисер на филмот е Емералд Фенел, а во главни улоги играат Маргот Роби и Џејкоб Елорди, кој е номиниран за оскар за улогата на Франкештајновото чудовиште.

По тивкиот викенд на американскиот Бокс Офис, поради финалето на американскиот Супербоул, повеќе студија најавуваат премиери за викендов.

На американскиот Бокс Офис и натаму прв е хорор трилерот „Испратете помош“ на режисерот Сем раими со Рејчел Мек Адамас во главната улога.   

Слични новости

„Војна на Ѕвездите: Мандалоринецот и Грогу“ заработи 100 милиони долари на отварањето во САД

„Војна на Ѕвездите: Мандалоринецот и Грогу“ заработи 100 милиони долари на отварањето во САД

„Војна на ѕвездите : Мандалоринецот и Грогу“ стигна до заработка од 100 милиони долари на американскиот Бокс офис и до 65 милиони долари во странство за тотална заработка од 165 милиони долари на премиерниот викенд.

„Мајкл“ и „ Ѓаволот носи Прада 2“ далеку ги надминаа очекувањата

„Мајкл“ и „ Ѓаволот носи Прада 2“ далеку ги надминаа очекувањата

„Мајкл“ само во Америка досега има заработено 321 милион долари и импресивни 789 милиони долари вкупно, што го прави втор најуспешен филм во 2026 зад „Галаксијата на Супер Марио“ кој заработи 980 милиони долари.