Студиото Сони денеска ќе ја има светската премиера на хоророт „Резидент евил“ и се надева на заработка од околу 40 милиони долари викендов и прво место на американскиот Бокс офис.

Сценариото и режијата на филмот чиј буџет беше 75 милиони долари се на Зак Крегер, а филмот од денеска ќе се прикажува во 3.500 кино сали низ САД.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Остин Абрамс, Зак Кери, Кали Рајс и Пол Волтер Хаузер.

„Резидент евил“ е филмска франшиза настаната од популарната видео игра од 1996-та година.

 

Слични новости

„Другата мајка“ најгледан филм на американскиот Бокс офис викендов, што го продолжува трендот на успешни хорори

„Другата мајка“ најгледан филм на американскиот Бокс офис викендов, што го продолжува трендот на успешни хорори

Хоророт „ Другата мајка “ со Џесика Кастаин беше убедливо прв на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 27,5 милиони долари. Филмот на Универзал е нискобуџете и чинеше само 19 милиони долари, а заработката на кино благајните е далеку над очекувањата.