Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.
Спрингстин, кој и претходно јавно ја критикуваше политиката на администрацијата на Доналд Трамп и федералните акции против имигрантите, ги објасни мотивите за песната во изјава објавена на Фејсбук.
„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ја објавувам денеска како одговор на државниот терор што се спроведува врз градот Миннеаполис“, напиша Спрингстин.
„Таа е посветена на луѓето од Миннеаполис, на нашите невини соседи имигранти и на споменот на Алекс Прети и Рене Гуд.“
Стихови за насилство и отпор
„Град во пламен се бореше со огнот и со ICE под чизмата на окупаторот. Приватната војска на кралот Трамп од Министерството за внатрешна безбедност, со пиштоли на појасот, дојде во Миннеаполис да го спроведе законот… или барем така гласи нивната приказна.“
„Граѓаните се кренаа за правда, нивните гласови одекнуваа низ ноќта“, продолжува песната.
„А таму каде што требаше да има милост, останаа само крвави траги. И две мртви тела оставени да умираат на улиците покриени со снег – Алекс Прети и Рене Гуд.“
„Ќе ја браниме оваа земја и странеците меѓу нас. Тука, во нашиот дом, убиваа и пустошеа во зимата ’26. Ќе ги паметиме имињата на оние што умреа на улиците на Миннеаполис…“
„Федералните насилници на Трамп го удираа по лицето и по градите. Потоа ги слушнавме истрелите и Алекс Прети лежеше мртов во снегот. Тврдеа дека станувало збор за самоодбрана – само не верувајте им на сопствените очи.“
Слични новости
НАСА брза да постави база на месечината до 2028
Иако мисијата на леталото Орион мина беспрекорно, стручњаците предупредуваат дека вистинскиот предизвик, како што е изградба на база на Месечината, допрва претстои.
Слика од Пикасо за 100 евра
Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.
Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома
Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“


