Фудбалерите на Босна и Херцеговина ќе играат во финалето на баражот за пласман на Светското првенство, откако синоќа во Кардиф го елиминираа Велс на пенали. По регуларниот тек и продолженијата резултатот беше 1:1.

Велс поведе со 1:0 во 54. минута со голот на Даниел Џејмској го искористи слабото поставување на босанскиот голман Никола Васиљ. Но во 86. минута ветеранот Един Џеко донесе израмнување по корнер за Босанците.

Во пенал серијатаБрендан Џонсон шутираше над голот, а Васиљ го одбрани шутот на Нико Вилијамс, со што Босанците се пласираа во финалето.

Противник во финалето на Босна ќе биде репрезентацијата на Италија, која ја елиминира Северна Ирска, а натпреварот ќе се игра во Зеница.  

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.