Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.

Како што се наведува, 74 -годишната британска пејачка била итно оперирана во португалскиот град Фаро, во близина на нејзиниот дом во Португалија, а операцијата била успешно извршена.

Бони Тајлер чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, стекна светска слава во 80-тите со хитот „ Total Eclipse Of The Heart“, кој беше број еден на топ листите во Британија и САД.

Слични новости

Продуцентката на ТВ серијата „Техеран“ Дана Еден пронајдена мртва на 52 годишна возраст во хотел во Грција

Дана Еден продувентката на шпионскиот трилер „Техеран“ кој се емитува на Ејпл Тв беше пронајдена мртва во својата хотелска соба во Атина, за време на снимањето на четвртатата сезона од серијата.