„Ова е навистина кул место, зарем не“, и порача Пол Макартни на публиката во распродадениот Фонда Театар во Холивуд за време на концертот по изведбата на некогашниот хит на Битлс „Хелп“.
Макартни сугерира дека Фонда Театарот е поинаков од концертните сали каде што вообичаено свири, заради својата интимност. Макартни настапи со најголмите хитови на неговите бендови Битлс и Вингс.
Концерот на Макартни во Холивуд се случи само еден ден откако Макартни го објави својот нов сингл „Деновите што ги оставивме зад нас“ и објави дека ќе издаде нов албум по пауза од пет години. Албумот се очекува да излезе на 29 мај.
Слични новости
На Бахамите пронајдени остатоци од бродови на пиратите од Карибите
Меѓународен тим на археолози откри во пристаништето Насау остатоци од бродови поврзани со вистинските карипски пирати од златното време на пиратирањето, меѓу кои биле злогласните Црнобардиот и Џек Рекам.
Стогодишнина од раѓањето на Мерилин Монро
На денешен ден пред 100 години беше родена славната американска глумица и фотомодел Мерилин Монро. Таа е родена во Лос Анџелес како Норма Џин Мортенсен.
На концертот на Кање Вест 118.000 посетители
Обраќајќи им се на своите фанови на коцертот Кање Вест објави дека е соборен рекордот за најголема посетеност на некој настап на стадион на сите времиња.


