Биопикот „Мајкл“ за поп иконата Мајкл Џексон сеуште е меѓу првите пет филма на американскиот Бокс офис. Филмот досега има заработени фантастични 856 милиони долари, од кои 345 милиони во САД и 511 милиони долари на глобалните пазари.
Со ова „Мајкл“ ја надмина „Боемската рапсодија“ и стана најсупешниот музички биопик на сите времиња. Едновремено, „Мајкл“ е и втор најуспешен филм на кино благајните за 2026 зад „Супер Марио’.
Во првите пет на Бокс офисот сеуште се наоѓа и „Ѓаволот носи Прада 2“ кој стигна до петтото место на најсупешните филмови за 2026 со заработка од 644 милиони долари.
Слични новости
Велика Британија го истражува спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер“
Британската управа за заштита на конкуренцијата и пазарот соопшти дека започна истрага за купувањето на Ворнер од страна на Парамаунт вредно 110 милијарди долари. Истрагата ќе утврди дали трансакцијата би можела значајно да ја наруши конкуренцијата на пазарот на Обединетото кралство, пренесе Телеграф.
„Скери муви“ прв на американскиот Бокс офис
По повеќе од една деценија се појави шестиот филм од франшизата „Скери муви“ кој ја потврда силината на оваа франшиза, освојувајќи го убедливо првото место на американскиот Бокс офис овој викенд со заработка од 55 милиони долари.
Филмот „Галаксијата на Супер Марио“ стана првиот филм во 2026 што заработи над една милијарда долари
Анимираниот филм „Галаксијата на Супер Марио“ направен според популарната видео игра, стана првиот филм во 2026 што ја надмина добивката од една милијарда долари на Бокс офисот.


