Фудбалерите на Баерн Минхен и Реал Мадрид и во реванш натпреварот од четвртфиналето на ЛШ приредија спекаткл како и во првиот меч, кој на крајот заврши со 4:3 за Баварците.

Првиот гол на мечот падна уште во првата минута по грешка на голманот на Баерн Ноер, а до крајот на првото полувреме беше 2:3 за Реал Мадрид, откако Реал Мадрид три пати доаѓаше во водство.

Во 86 минута од мечот Реал Мадрид остана со играч помалку отако Камавинга доби втор жолт картон.

Веќе во 89 минута стигна казната со гол на Луис Дијаз, а во последната минута од судиското надополнување Олисе од контранапад ги постигна конечните 4:3 за Баерн, кој во полуфиналето ќе игра со ПСЖ.

 

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.