Познатиот африкански фудбалер и капитен на селекцијата на Мали Ив Бисума потпиша договор на една година со Ајакс, со опција договорот да биде продолжен за уште една година.

Бисума во 2022 дојде во Тотенхем од Брајтон за сума од 30 милиони фунти, но поради честите повреди малку играше за Тотенхем, па клубот од Лондон не му понуди нов договор на Бисума, кој во Ајакс дојде како слободен играч.

Бисума има 30 години, добро играше на Светското првенство во фудбал, а за него беа заинтересирани голем број на клубови.

Слични новости

Мароканецот Ајуб Бујади ново засилување на Манчестер сити

Мароканецот Ајуб Бујади ново засилување на Манчестер сити

Досегашниот фудбалер на Лил и ребрезентативец на Мароко Ајуб Будаи потпиша договор со Манчестер сити до 2013 -та година, соопшти клубот од Англија. Клубот не ги објави финансиските детали за трансферот, но британските медиуми пишуваат дека Манчестер сити платил за Буади 85,6 милиони фунти.