Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава на свој терен по продолженија ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 141:135. Никола Јокиќ во вториот натпревар од сезоната го забележа првиот трипл-дабл со 35 поени, 15 скокови и 10 асистенции.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мари со 42 коша, додека дебитантот Тревон Брзаиле постигна 17. Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Треф Марфи со 26 коша, а Дежонте Мари постигна 22.

Њу Орлеанс водеше во текот на целиот натпревар, На полувреме водеше со 16 коша разлика, а на почетокот на четвртата четвртина имаше 19 коша предност, но ДЕнвер успеа да се избори за продолжение, во кое славеше.

Слични новости

Борнмут убедливо го совлада Милан со 3:0

Борнмут убедливо го совлада Милан со 3:0

Фудбалерите на Борнмут го победија Милан со 3:0 во третото коло од Лигата на Европа. Победата е многу значајна за малиот англиски клуб кој за прв пат се натпреварува во Европа.