Фудбалерите на Атлетико од Мадрид синоќа направија голем чекор кон пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако како гости ја совладаа Барцелона со 2:0. Ова беше прва победа на стадионот „Камп Ноу“ за тренерот на Атлетико Диего Симеоне. Тој го презеде тимот на Атлетико во 2011 , но никогаш досега ја немаше победено Барцелона на гости.

По крајот на натпреварот неговата реакција беше невообичаена бидејќи исрча во соблекувалните без да се поздрави со тренерот и играчите на Барцелона.

Симеоне рече дека на реваншот Барцелона сигурно многу ќе ги намачи, но дека неговиот тим секогаш и прави проблеми на Барцелона, затоа што има високо поставена одбрана.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.