Арсенал ја оправда улогата на фаворит во двомечот со Спортинг од Лисабон и забележа победа од 1:0 со голот на Каи Хаверц во 90-тата минута. На голот му претходеше одличен продор на Мартинели по левата страна кој уфрли топка во шестанесетникот за Хаверц кој одлично се уфрли и одблиску го совлада голманот на домаќините.
Мечот во Лисабон го одбележа многу претпазлива, па дури и досадна игра на двата тима во текот на целиот меч. Арсенал постигна и претходно гол во 63-тата минута преку Зубименди, но голот беше поништен поради офсајд по реакција од ВАР собата.
Реваншот се игра идната среда во Лондон, а Арсенал ќе биде огромен фаворит за пласман во полуфиналето, каде што ќе игра против победникот од двомечот Барцелона-Атлетико Мадрид.
Слични новости
Астон Вила го „прегази“ Фрајбург во финалето и ја освои Лига Европа
Фудбалерите на Астон Вила ја освоија Лига Европа, откако синоќа во финалето во Истанбул убедливо го совладаа Фрајбург со резултат 3:0. Разликата во квалитет беше огромна и Фрајбург практично не се ни закани по голот на Астон Вила, која можеше да победи и поубедливо.
Сериозни бонуси за фудбалерите на Арсенал како награда за освоената титула
Сопствениците на Арсенал решија да го оврзат кесето и да ги наградат фудбалерите за титулата.
Секој играч на Арсенал ќе добие бонус од 6.000 фунти по натпревар, а надобро ќе поминат Давид Раја и Мартин Зубименди кои ќе заработат по 228 илјади фунти.
Невидено славје на навивачите на Арсенал на нивниот стадион„Емирати“
Навивачите на Арсенал спектакуларно ја прославија титулата. Огромен број навивачи на Арсенал дојдоа на стадионот „Емирати“ каде што бучно го прославија синоќешното реми меѓу Манчестер сити и Борнмут што значеше и титула за Арсенал.


