Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта од денеска е во петдневна турнеја низ Западниот Балкан, а утре ќе биде во посета на Македонија. Кошта посетата на балканските земји ја почнува од Сараево, потоа оди во Тирана, од каде што ќе дојде во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Мицкоски изјави дека за време на посетата на Кошта на Скопје очекува да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја членка.
Антонио Кошта на крајот од балканската турнеја ќе копретседава на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во црногорскиот град Тиват.
Слични новости
СДСМ обвинува дека Мицкоски ангажирал приватна израелска компанија за следење на опозицијата
„Black Cube” е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад”. Таа се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели.
Радев фаворит на утрешните парламентарни избори во Бугарија, односот кон Македонија нема да се менува
Од изборите во Бугарија не се очекува никаков пресврт во однос на македонското прашање бидејќи постои консензус кај целиот политички спектар кој бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав и спроведување на обврските од протоколите.
ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции
Партијата тврди дека во 2025 странските инвестиции се намалиле за 61 насто во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 468 милиони евра што е „еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата во државата“.


