Централната команда на американските оружени сили соопшти дека од денеска војската на САД повторно воведе блокада на иранските пристаништа поради нападите на техеран врз бродовите кои се обидуваа да минат низ Ормутскиот теснец, што предизвика нов бран на размена на огин.
Судирите повторно се заострија последните неколку денови, со што нестабилните договори за примирје дополнително се нарушени.
САД првобитно воведоа блокада во средината на април, а потоа ја укинаа во средината на јуни, по потпишувањето на привремената спогодба со која беше предвиден рок од 60 дена кои застнаа по интензивирањето на судирите околу Ормутскиот теснец.
Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе го спречи целиот извоз на енергенти од Блискиот исток поради американската блокада. „Извозот на нафтата и гасот од регионот ќе бидат или за сите или за никого“ наведе официјален Техеран.
Слични новости
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
УХМР со предупредување за ново невреме денеска
Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.


