Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја објави фотографијата како се урива кулата во пристаништето Чабахар.
Со тоа САД почнаа да ги реализираат заканите на претседателот Трамп за удари врз клулната иранска инфраструктура за да се изврши притисок врз Техеран да ја прекине блокадата на Ормутскиот теснец.
Иран во противодговор лансираше нови ракетни напади врз земјите од Блискиот исток кои се сојузници на САД, вклучувајчи го и Катар кој е клучен посредник во преговорите за окончување на војната.
Привремениот договор за примирје склучен минатиот месец пропадна, а на Блискиот исток со денови има взаемни напади на САД и Иран додека се борат за првеласт врз Ормутскиот теснец.
Официјален Техеран соопшти дека во американските напади се загинати десетици луѓе, а повредени се стотици. Пријавени се и нови жртви во денешните удари.
Најновите американски удари врз иранската инфратсруктура траат во континуитет веќе шест дена.
Слични новости
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
УХМР со предупредување за ново невреме денеска
Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.


