Акциите на американските берзи го завршија тргувањето во минус, откако компанијата Енвидија загуби околу 7 насто од пазарната вредност.

Падот на акциите на Енвидија од 7 проценти уследи по невидениот скок на акциите на компанијата од 31 насто, предизвикани од враќањето на Џејсон Хуанг на претседателското место на Енвидија.

Акциите на технолошката берза НАСДАК паднаа за 1,5 насто, а за тоа придонесе и падот на акциите на компанијата Антропик од 7 насто, со што цената на акциите на Атропик е под иницијалната јавна понуда на акциите.

На негативното расположение на инвеститорите влијаеја и информациите дека САД се подготвуваат да ги зголемат царините за десетина земји, вклучувајчи ја и Кина.

Слични новости

Њујорк тајмс: Џејсон Хуанг имал врска и со една од потпретседателките на Енвидија

Њујорк тајмс: Џејсон Хуанг имал врска и со една од потпретседателките на Енвидија

Извршниот директор на компанијата Енвидија Џејсон Хуанг имал вонбрачна врска со потпретседателката на компанијата КИмберли Пауел, која работила директно под негов надзор, објави весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на петмина вработени во Енвидија.